Девизните резерви на ниво од 1,7 милијарди евра

Bez autora
Jun 16 2010

Каматната стапка на благајничките записи на Народната банка на РМ (НБРМ) се намалува за еден процентен поен од 6 на 5 отсто годишно. Од Централната банка наведуваат дека тоа се должи на поволните трендови на девизниот пазар, за кои придонесуваат намалениот увоз, опоравувањето на извозот, стабилизирањето на глобалната побарувачка, како и на постабилните очекувања на економските субјекти. Во мај и првата половина од јуни НБРМ на девизниот пазар реализира нето-откуп на девизи, што придонесе кон натамошен раст на бруто-девизните резерви, кои заклучно со 4 јуни изнесуваат 1,6945 милијарди евра, при што постојното ниво на девизни резерви обезбедува 4,3 месечна покриеност на проектираниот увоз на стоки и услуги од следната година. Трендот на намалување на каматната стапка на НБРМ, што започна кон крајот на 2009 година, Банката очекува поволно да се одрази врз кредитната активност на банките, со позитивни ефекти врз реалниот сектор на економијата.

Девизните резерви на ниво од 1,7 милијарди евраКаматната стапка на благајничките записи на Народната банка на РМ (НБРМ) се намалува за еден процентен поен од 6 на 5 отсто годишно.

Од Централната банка наведуваат дека тоа се должи на поволните трендови на девизниот пазар, за кои придонесуваат намалениот увоз, опоравувањето на извозот, стабилизирањето на глобалната побарувачка, како и на постабилните очекувања на економските субјекти.

- Во мај и првата половина од јуни НБРМ на девизниот пазар реализира нето-откуп на девизи, што придонесе кон натамошен раст на бруто-девизните резерви, кои заклучно со 4 јуни изнесуваат 1,6945 милијарди евра, при што постојното ниво на девизни резерви обезбедува 4,3 месечна покриеност на проектираниот увоз на стоки и услуги од следната година - се наведува од Народната банка.

Трендот на намалување на каматната стапка на НБРМ, што започна кон крајот на 2009 година, Банката очекува поволно да се одрази врз кредитната активност на банките, со позитивни ефекти врз реалниот сектор на економијата.

- НБРМ внимателно ги следи случувањата и доколку е потребно, соодветно ќе реагира. Од клучно значење е дека постојното ниво на девизни резерви овозможува амортизирање на евентуални негативни трендови во наредниот период - истакнуваат од Банката.

Од НБРМ забележуваат пад трговската размена која во првите четири месеци од годинава е намалена за 22,7 проценти во однос на истиот период од претходната година.

- Според прелиминарните податоци, кредитниот раст во мај изнесува 4,4 отсто на годишно ниво и постепено се приближува до проектираниот раст за крајот на вториот квартал од 5,3 насто. Од друга страна, инвестициите на банките во безризични инструменти од почетокот на годината досега растат со интензивна динамика покажувајќи постоење на расположиви средства за инвестирање и се уште присутни оцени на банките за неизвесност и ризик за економската активност - истакнуваат од Централната банка.

НБРМ наведува дека ризиците поврзани со случувањата во Грција и нивните директни и индиректни ефекти врз домашната економија и натаму се присутни.

- Но, мерките преземени од страна на ЕУ, поддржани од ММФ, во насока на креирање на финансиски механизам за зачувување на финансиската стабилност и спречување на потреси на финансиските пазари, се охрабрувачки - велат од НБРМ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik